Ибраимовски: Спремни сме да поднесеме кривични пријави за извршителите што не го почитуваат законот

 

 

Спремни сме да им поднесеме кривични пријави на сите оние што не го почитуваат законот, изјави претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, пред Уставниот суд, каде што заедно со организаторите на протестот „Стоп за извршителите“ поднесе аргументи за уставноста на измените во Законот за облигационите односи, односно делот што се однесува на застарување на долговите.

„Законот не е противуставен, туку го спречува самоволието на извршителите. Ги оштетија граѓаните за 10 до 15 пати повеќе од она што треба да го платат. Затоа е законот донесен и не може закон што го потпишал претседател и го донело Собранието, да не се почитува“, рече Ибраимовски апалирајќи дека граѓаните треба да се ослободат од должничкото ропство.

Активистаката Ана Глигорова истакна дека целта е да ги одбранат пред Уставниот суд законските измени и ќе аргументираат со компаративна анализа. Таа нагласи и дека ако долгот е 1.000 денари, каматата не смее да биде поголема од оваа сума.

На Уставниот суд му порачаа „да дејствува онака како што дејствуваше пред 2012 година кога не беше политизиран“.

Здруженијата „Човекот над профитот“, „Но пасаран“, КСОМ и ПЦЕР беа оорганизатори на протестот „Стоп за извршителите“, кој се одржа пред два дена. Во согласност со Законот за изменувањето и дополнувањето на ЗОО („Сл. весник на РСМ“ бр. 154 од 20.7.2023 година) во чл. 2 се предвидени измени на одредбата од чл. 368 од ЗОО, во која е определено дека извршната постапка може да се реализира во рок од 10 години од денот на поднесување на барањето за извршување, а по овој рок, настапува апсолутна застареност, со ретроактивно дејство.

Здруженијата нагласуваат дека се соединети во борба за правда, борба против мафијашката спрега доверители, судии, фирми за наплата на побарувања, извршители и низа корумпирани државни службеници.

31.08.2023 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега