Д-р Даниловски: Овој срам никогаш нема да си го испереме

 

Професор д-р Драган Даниловски по повод скандалот на Клиниката за онкологија на социјалната мрежа Фејсбук даде свој став, во кој наведува дека „овој срам, никогаш нема да си го исперат“ докторите. 
 
„Никогаш веќе пациент нема да влезе во докторска ординација без студени морници да му пролазат долж ‘рбетот, прашувајќи се:
И овој да не е од „таквите“?
Е, не се сите такви, ама, „покрај сувото, гори и суровото“.
Овој срам никогаш нема да си го испереме! НИКОГАШ!
Едит:
Во крајна линија, ова е пораз и срам (и) за нас, професорите на Медицинскиот факултет. Зашто, сите овие што ги фатија „со рацете во медот“ биле наши студенти. На кои не сме успеале да им вградиме основни етички принципи. По ѓаволите, ќе да беа залудни сите мои 40 години стаж...“, се наведува во објавата на д-р Даниловски. 

04.09.2023 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега