(ВИДЕО) Ангелов од терен кај Старо Нагоричане: „Не се дише“

 

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов штотуку ги соопшти најновите детали од големиот пожар што избувна с.Руѓенце, Општина Старо Нагоричане. Toj извести дека засега немало изгорени куќи, а огнот бил стигнат до првите куќи во Белјаковце.

„Изгореа една стара напуштена куќа и една дрвена плевна. Авионите на ДЗС и хеликоптерот на МВР значително помогнаа“, изјави Ангелов.

На видеата испратени до медиумите може да се забележи дека пожарот се уште е активен, а хеликоптерот на полицијата прецизно дејствува. Се гаси од копно и од воздух. „Не се дише“, кажа првиот човек на ЦУК, додека ја качуваше угорнината од местото на настанот, додека ја проверуваше состојбата.

05.09.2023 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега