Ким Катрал откри зошто се вратила во улогата на Саманта

 

 

Ким Катрал најпрво ја одби понудата на ХБО, а причината беше нејзиниот однос со Сара Џесика Паркер, а набргу потоа се согласи да се појави, макар и на неколку секунди.

На задоволство на многумина, актерката Ким Катрал се врати во улогата на Саманта во втората сезона на серијата „И, едноставно, така“. Иако се појави само кратко, за неа се зборува со денови.

Ким прво ја одби понудата на ХБО, а најважна причина беше нејзиниот однос со Сара Џесика Паркер. Кога заедно го снимале филмот „Сексот и градот“, Ким поставила услови кои се поинакви од оние на нејзините колешки, па уште тогаш се појавиле тензии меѓу нив.

Оттогаш Ким и Сара не се во добри односи, но новата сезона на серијата сепак не можеше да помине без пријателството на Кери и Саманта, макар и само на неколку секунди.

Сега Ким откри зошто ја прифатила улогата во втората сезона и кој и бил најголем поддржувач. Станува збор за нејзината мајка, Гледис, која ја охрабрила да се врати и да ги израдува нејзините милиони фанови.

„Мојот идол отсекогаш била мајка ми. За мене, жена во моите шеесетти, мислам дека најголемиот предизвик е да продолжам да бидам релевантна, да продолжам со работа, да имам што да кажам. Иако мајка ми никогаш не можеше да се поврзе со работата која би ја направила среќна, долго време била депресивна и сама, никогаш не го изгубила својот дух. Тоа е нешто што ми го пренесе. Благодарна сум и што ме научи да се бранам и да не дозволувам другите да го контролираат мојот наратив. Тоа е многу важна лекција за младите жени“, рече Ким Катрал.

07.09.2023 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега