Над 20 казни за непрописно управување електричен тротинет во Тетовско, за возрасните глобата е до 80 евра, за децата и нивните родители казната е од 120 евра

 


Во изминатите два месеца, јули и август, на тетовското подрачје биле изречени над 20 казни на лица што непрописно управувале електрични тротинети, кои најмногу се однесувале на движење по коловоз, а не по велосипедски патеки или тротоари, соопшти СВР Тетово.

На оние што ги управувале тротинетите изготвени им се поднесоци со глоби од 50 до 80 евра во денарска противвредност, а доколку станува збор за деца, предвидена е глоба од 120 евра и за нивните родители.

Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува сопствениците на електрични тротинети да не се движат по коловоз, да не превезуваат и други лица или предмети, да не ги водат со себе своите миленици додека се движат и така натаму.

Во наредниот период контролите на оваа категорија учесници во сообраќајот значително ќе се засилат дотолку повеќе што тие често предизвикуваат мешаници на пофреквентните улици, особено во вечерните часови кога потешко се забележуваат, соопштија од СВР Тетово.

19.09.2023 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега