Заев: Јас му бев десна рака на Црвенковски - неговите совети се добредојдени
И натаму сакам да ја користам мудроста на Црвенковски. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за Дневник вели дека партијата е консолидирана и обединета, промоцијата на програмата оди добро и дека очекува победа на следните парламентарни избори.
„Искуството и мудроста на Црвенковски се добредојдени и сакам да ги користам секогаш кога има потреба. Не ги делам луѓето во СДСМ на свои или на некои други, блиски до мене, до овој или оној. Kако потпретседател на СДСМ, во минатото, јас бев еден од најблиските соработници на Црвенковски, што се вели десна рака. Во СДСМ не спојуваат идеите, идеологијата и заедничката желба да и се помогне на партијата за да се обезбеди напредок на Република Македонија“ - вели Заев за Дневник.
Лидерот на СДСМ вели дека партијата функционира пообединето од било кога и дека е горд на пратеничката група и нејзиното дејствување во услови на како што вели, нарушена демократија
„Не постојат никакви поделби во СДСМ. Kако што веќе споменав, СДСМ е демократска партија, во која за секое важно прашање се развива и се практикува демократска, отворена дебата. Има различни мислења како основа да се изградат подобри ставови, поквалитетни политики, но поделби нема. Партијата е целосно консолидирана и обединета за политичкиот концепт и за политичката понуда. Тука спаѓа и пратеничката група, која е кохерентна и која настапува заеднички и координирано. Сите во партијата се гордееме на она што го постигнува пратеничката група со оглед на нарушениот демократски амбиент во целата држава“ - вели Заев.
Лидерот на СДСМ пред неколку години велеше дека Македонија мора да ја „свитка кичмата“ во спорот за името, а денеска, Заев се вбројува себе си меѓу оние политчари кои се борат за зачувување на јазикот и идентитетот. Првиотопзиционер вели дека нема противречности во неговите изјави дадени денеска и пред неколку години.
„Не постои противречност, ставовите на СДСМ се конзистентни и принципиелни. За СДСМ, станува збор за наметната и крајно нерационален и непринципиелен спор и за проблем што Грција го има за уставното име на Македонија. Грција го злоупотребува членството во Унијата. СДСМ постојано истакнува дека тоа е една нефер позиција. Во неколку наврати го посочивме нашиот став дека за СДСМ се неприфатливи решенија за промена на јазикот, идентитетот и националната посебност на македонскиот народ. За жал, премиерот одлучи да го монополизира и да го авторизира ова прашање. СДСМ и опозицијата во Македонија е целосно исклучена од процесот на преговарање. И во такви околности СДСМ како одговорна партија со своите ставови не дозволува да се нанесе штета на земјата“ - вели Заев за Дневник
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа