Британската полиција ги идентификувала и трага по тројца албански државјани за грабежот во домот на фудбалерот Стерлин

 

 

Британската полиција ги идентификувала и трага по тројца албански државјани за кои постојат основи на сомнение дека учествувале во грабежот во домот на напаѓачот на англиската фудбалска репрезентација Рахим Стерлин.

Освен во овој грабеж, што се случи во почетокот на декември минатата година, тие биле дел од групата кој извршила 33 грабежи во Лондон.

– Полицијата претходно го уапси албанскиот државјанин Емилиано Кроси (23), а сега трага по Алфред Исуфи (48), Герард Калаја (22) и Хенри Османи (44). Четворица се сомничат дека учествувале во 33 грабежи, вклучувајќи го и тој во луксузниот дом на фудбалерот, пренесува Топ чанел, повикувајќи се на „Дејли експрес“.

Како што пренесоа медиумите вооружените крадци провалиле во куќата на Стерлинг во Лондон, во моменти кога во неа било семејството на фудбалерот, неговата 27-годишна партнерка и двете деца. Со себе однеле часовници во вредност од над 300 илјади евра, како и друг скап накит.

Поради овој настан Стерлин го напушти Светското првенство во Катар и се врати во Лондон, за да биде со семејството.

Полицискиот инспектор Џемс Ансел изјавил дека се убедени оти тројцата Албанци се уште се на територијата на Обединетото Кралство.

22.09.2023 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега