Потресно: Меси му подари дрес на 16-годишен Хрват болен од леукемија

 

Фудбалската кариера на 16-годишниот Мирко Ловриќ, кадет капитен на ФК "Сиднеј ФК" од Бјеловар е прекината откако тој дознал дека боледува од леукемија. Во битката која ја води за својот живот, на Хрватот му помогнал и светскиот фудбалер Лионел Меси, кој ја слушнал неговата приказна и му испратил дрес потпишан од сите играчи на Барселона.

Фудбалерот го носи прекарот "Малиот Меша" , а освен дресот од Меси до сега го освои и дресот на Динамо Загреб.

- Овие подароци ми покажаа дека освен моето семејство кое е со мене во овие тешки мигови, и други луѓе се човечни и ја сфаќаат мојата болка. Затоа, на сите добри луѓе да им се заблагодарам , затоа што секој збор на поддршка значи многу за мене, вели Хрватот за 24сата.хр.

14.12.2013 - 14:21
Фото: 
24сата.хр

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега