Пет нешта кои Ве очекуваат откако ќе ви биде скршено срцето
Иако некои врски завршуваат со само неколку зборови, чувството после раскинувањето може да го опише само оној кому навистина му било скршено срцето.
Но, тоа може да ви донесе лекции кои ќе ви бидат корисни во текот на животот:
1. Не постои магичен начин веднаш да престанете да сакате некого
Дури и ако направиле нешто страшно, нешто што ве прави сигурни дека никогаш повеќе нема да сакате да ги видите, ќе се изненадите кога ќе дознаете дека љубовта што сте ја имале нема тукутака да исчезне. Отпрвин силно ќе го чувствувате нејзиното присуство, а потоа љубовта ќе постане шепот во позадина.
2. Ќе се потсетувате секојдневно
Ќе се потсетувате на личноста секој ден. Ќе ја слушнете вашата заедничка песна и повторно ќе ја почувствувате таа болка. Ќе поминете покрај местото каде што сте имале прв состанок или ќе го слушнете нејзиното име и тоа ќе биде уште еден потсетник за тоа што сте изгубиле.
3. Вашите вистински пријатели ќе бидат тука за вас
Кога ќе ви го скршат срцето, целиот свет ќе ви се преврте наопаку. Работите што порано ви беа забавни веќе нема да ви бидат важни. Вие само ќе сакате да го поминете вашето време обидувајќи се да ги излечите вашите рани. Вистинските пријатели ќе бидат со вас во тешките времиња да ви помогнат и утешат.
4. Физичкиот резултат од кршењето на срцето е реален и боли речиси исто колку и вашите емоции
Физичките симптоми по раскинувањето се многу реални. Ќе ве болат градите, ќе се чувствувате исцрпени, со главоболка од плачење, а можеби дури и ќе чувствувате општа болка од глава до пети. Во овој период, важно е да се грижите за вашето физичко тело како што е важно да се грижите за емоциите.
5. Вашето срце полека ќе заздрави
Најголемата лекција од сите, онаа што ќе остане со вас со месеци, години, децении, е неверојатната моќ што ја имате кога станува збор за заздравување на оваа рана. Иако на почетокот ќе ви се чини невозможно, сепак наскоро повторно ќе почнете да се чувствувате себеси. Ќе ги преживеете и овие моменти бидејќи сте силни!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа