За Шерон Стоун, мајчинството е приоритет, не кариерата

 

За Шерон Стоун, децата се нејзиниот приоритет.

22 години откако беше на работ на смртта по претрпениот мозочен удар, Стоун сподели за „Пипл“ како мајчинството влијаело врз неа. Таа се чувствува благодарна што не му дала предност на Холивуд пред мајчинството.

Актерката (65), која доживеа излив на крв во мозокот во 2001 година, потенцира дека не жали што семејството го направила свој приоритет број еден.

Во интервју за „Пипл“, Шерон, која ги има синовите Рон (23), Лерд (18) и Квин (17), рече: „Благодарна сум што го избрав мајчинството како здрав пристап во мојот живот и што не му дадов приоритет на Холивуд бидејќи сигурно јас не бев на местото број 1 што се однесува до нивните приоритети“.

Шерон беше една од најбараните актерки во филмскиот бизнис пред да ѝ се влоши здравјето.

Холивудската ветеранка смета дека здравствените проблеми ѝ наштетија на кариерата.

„Ги изгубив сите оние работи за кои сметаш дека се твојот вистински идентитет и твојот живот“, вели таа во интервјуто. „Никогаш не го добив назад поголемиот дел од сето тоа, но стигнав до точка каде што сè е во ред, се чувствувам среќна со тоа каде што сум моментно во мојот живот“.

Во меѓувреме, Стоун претходно сугерира дека нејзината репутација на „тешка“ ѝ наштетила на кариерата.

Актерката беше отворена за разни прашања во текот на годините и смета дека искреноста ѝ го поткопала потенцијалот за заработка.

„Мислам дека кога ги кажував сите овие работи за кои сега Камала Харис, нашата прекрасна потпретседателка, и Мишел Обама и Хилари Клинтон сега жестоко расправаат за правата на жените, тоа прилично ми ја отежна филмската кариера“.

„Луѓето ме сметаа за тешка затоа што ги барав работите адекватни за мене и за другите жени и очекував да ги добијам“.

 

09.10.2023 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега