Ме спаси мојот Рамбо - куче повикало спасувачи трактористот извлекуван со часови

Да не беше мојот Рамбо, денеска ќе ме погребувавте. Вака ја започнува својата чудесна приказна 74 годишниот Предраг Милошевиќ од околината на Куршумлија, Србија кој после десетчасовна агонија бил извлечен од под превртениот трактор. Несреќата се случила во атарот на селото Марвовиќи каде Милошевиќ пошол со својот  трактор за да собере дрва.

„Имаше лизгава нагорнина па тракторот зализга и се преврте и ми ја потисна целата лева страна од телото. Сватив дека сум готов ако никој не успее да ме принајде. Викав за помош, но никој не ме слушаше бидејќи тој дел не е населен а дополнително, врева правеше и тракторот чиј мотор и натаму работеше. Мојата пудлица Рамбо, која секаде ме следи, истрча во блиското село. Се обидуваше да најде некој. Ќе се вратеше, како да сакаше да ме охрабри и пак ќе се стрчаше кон селото. Лежев така со часови, но немаше никој. Земјата беше ледено студена. Во еден момент тракторот угаси, но немав веќе сила да викам за помош. Мислев дека ми дојде крајот кога почна да се стемнува. “ - раскажува Предраг за голготата низ која минал.

Неговата ќерка почнала да се сомнева дека му се случило нешто бидејќи тој не се појавил дома па побарала помош од соседите. Во тој момент дошло и кучето кое почнало да завива. Соседите велат дека веднаш знаеле дека има проблем, бидјеќи Рамбо без Предраг никогаш не се враќал дома.
Соседите почнале да го следат кучто кое ги однело точно до Предраг, по што старецот бил извлечен од под тракторот и префрлен во болница.
За среќа, лекаите констатирале дека немал скршеници и најавуваат дека брзо ќе биде пуштен на домашно лекување

15.12.2013 - 11:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега