Објавен шестиот јавен повик за поддршка на производителите и преработувачите

 

Ресорниот заменик министер Зоран Коњановски и директорот на Платежната агенција Тони Димовски денеска изјавија дека е објавен шестиот јавен повик за маркетиншка поддршка на земјоделските производи во примарното производство и во преработувачките капацитети. 

- Станува збор за набавка на трактори за примарно производство, како и опрема за преработка. Корисници на поддршката се сите физички и правни лица запишани во регистарот на земјоделските стопанства, рече Димовски.

Димовски потсети дека е во тек и петтиот оглас за поддршка на извезено флаширано вино, преработен зеленчук извезен во стаклена амбалажа и на извезен ориз во пакување.

- Останавме доследни на своите политики и на ветеното. Преку обезбедените средства за маркетинг на земјоделските производи директно им помагаме на извозно ориентираните преработувачки компании, изјави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски кој денеска ја посети Платежната агенција.

Компаниите што го пласираат виното надвор од Македонија ќе добијат средства за покривање 20 отсто од трошоците за етикети, купување шишиња, тапи и ПВЦ навлаки или максимум шест денари од шише, додека преработувачите на зеленчук и овошје до два денара од тегла, за набавка на тегли, метален капак и етикети.

- Се поголем е интересот за формирање задруги, а објавениот оглас е уште една потврда за поддршката на проивзодителите кои својата иднина ја гледаат здружени во кооперативи. Само неколку месеци по донесувањето на Законот се формирани шест земјоделски задруги, посочи Коњановски.

Исто така, Коњановски ги истакна заложбите на Владата велејчи дека оваа Влада не работи од денес за утре, туку според повеќегодишни, најавени програми. 

15.12.2013 - 11:46
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега