Ракометарите на Еурофарм Пелистер поразени и од Келце во ЛШ

 

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да направат изненадување во шестото коло од европската Лига на шампионите и загубија со 24:21 од полски Келце.

Битолчани стартуваа лошо, во првите 17 минути постигнаа само два гола, а во 22 минута, гостите од Полска имаа и највисока предност од осум голови, или 11:3. Сепак првото полувреме заврши со 14:8, а во второто резултатската предност на гостите почна значително да се намалува.

Во периодот од 44 до 57 минута, водството на Келце беше само еден разлика (15:16/18:19/21:22), но тоа беа последните обиди на домашниот тим да приреди изненадување.

На крајот поискусниот гостински тим, предводен од Карачиќ, Душебаев и Олејченко кој постигна пет голови, ги освои бодовите во полната сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Дебито на Бранислав Ангеловски на тренерската клупа на Еурофарм Пелистер беше резултатски неуспешно.

25.10.2023 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега