Ивон: Роуд-шоуата одлични за презентација на бизнис-потенцијалите
Британскиот амбасадор во Македонија, Кристофер Ивон, во интервју за Капитал, вели дека роуд-шоуата се навистина одличен начин за презентирање на бизнис можностите.
-Еден начин секако се овие „роуд шоуа“ за на публиката таму, составена од бизнисмени да се презентира земјата. Поразговарав со некои од бизнисмените кои беа таму и после интерактивните презентации ним им беше појасно што нуди Македонија за инвестирање, смета Ивон.
Тој додава и дека се надева дека британските инвеститори ќе покажат поголема заинтересираност за Македонија.
-Се надевам, но сепак ќе треба да ги прашате инвеститорите како тие гледаат на ова, затоа што тие две работи гледаат. Прво, кој пазар им е најдобар, најконкурентен споредено со другите пазари, а второ, покрај финансиските калкулации секогаш е битна и политичката клима, владеењето на правото и реформата на јавната администрација, судскиот систем. Затоа што, ако ти решат да инвестираат, тогаш стануваат корисници на услугите на земјата и тоа директно ги допира. Затоа мора да има своевиден баланс на она што го нуди економскиот аспект на една страна и практичкиот, административен од друга, вели Ивон за Капитал.
Што се однесува до новите инвеститори, тие гледаат и другите компании кои се веќе присутни како се снаоѓаат тука. Најголемиот британски инвеститор тука, Џонсон Мети одржа една презентација за да демонстрира како тие работат и кои поволности ги уживаат, завршува Ивон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа