ЕУ ќе дозволи одгледување на ГМО пченка?

 

ЕУ до крајот на годината би можела да дозволи одгледување на генетски модифицирана пченка 1507. Тоа ќе биде прв закон кој дозволува сеидба на генетски модифицирано семе на нејзина територија.

Пченката 1507 е производ на една од водечките светски компании за генетски модифицирани организми. Научниците и еколозите предупредуваат на штетноста на таквите производи за здравјето на луѓето и животните, како и на недостатоците на европските закони за безбедност на храната.

- Никаде во светот не се прават тестирања на три, пет ниту на десет години, бидејќи се скапи. Европската агенција за безбедност на храната, мора да воведе соодветни тестови и да обезбеди пари за нив, порачува од канцеларијата „Гринпис“ при ЕУ, Марио Контиеро.

Членките на ЕУ имаат многу спротивставени ставови за одгледувањето на генетски модифицирани организми. Според првите реакции, Шпанија и Велика Британија се подготвени да ја сејат пченката 1507, додека таа нема да биде присутна во Франција, Австрија, Полска. Во прилог на нивното одбување оди предупредувањето на научниците за последиците од употребата на ГМО плодови

15.12.2013 - 12:18
Фото: 
Доктори.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега