Никој не сака да дојде на настапите на Адил
Откако како што се пишува во српските медиуми, пејачот Адил Максимовиќ ја претепа својата сопруга, ќерка на пејачот Џеј, никој не сака да дојде на неговите настапи. Според информациите на српскиот Курир, Адил ги откажа настапите за најлудата вечер во годината, бидејќи никој не сакал да купи карти за неговиот настап.
Откако се дозна дека наводно пејачот ја претепал сопругата, неговата кариера дефинитивно започна да пропаѓа. Тој ги откажа сите настапи, а на негово место во дискотеката во која тој требаше да пее, ќе пее пејачот Ацо Пејовиќ.
За потсетување, Адил ја претепа сопругата минатиот петок, но тврди дека е невин. Тој на Фејсбук се огласи дека не ја истепал сопругата и дека сите го обвиниле и му го свртеле грбот иако нема докази дека направил такво дело. Тој додаде и дека кога ќе се дознае вистината сите ќе бидат шокирани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа