СДСМ: Владата да ги исплати земјоделските субвенции

 

Со средствата што власта тврди дека се инвестирани во земјоделството, досега секој производител требаше да има по најмалку еден нов трактор и современ систем за наводнување, а преработувачките капацитети ќе го зголемеа производството и бројот на вработени, реагира СДСМ по денешната изјава на заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.

- Доследни во владините политики кон земјоделците се само скапите реклами што немаат врска со реалните состојби во агргагот, ниту инвестициите, ниту субвенциите, стои во реакцијата на СДСМ.

Опозициската партија тврди дека не се исплатени половина од субвенциите за 2012 година чиј краен законски рок беше 30 јуни и ниту денар од годинашната поддршка.

- Владата веднаш да ги исплати земјоделските субвенции за 2012 година и да почне со исплата на субвенциите за 2013 година, бара СДСМ. 

15.12.2013 - 15:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега