(ВИДЕО) Специјалците ја тргнаа пораката „Ова е Србија“ од северот на Косово

Припадници на единицата за специјалци на косовската полиција го отстранија натписот „Ова е Србија“ од пешачкиот мост во населбата Сочаница во општината Лепосавиќ.

Граѓаните на ова место утринава забележале дека и од бандерите во близина на мостот се отстранети сите српски знамиња.

Како што пренесува Косово онлајн, пред пет дека отстраниле транспарент од оградата кон северниот дел на Косовска Митровица кон Лепосавиќ, а сега и од делот на преминот во спротивна насока.

Мештаните на Сочаница кажале дека повеќе вооружени полициски специјалци во неделата вечерта, околу 23 часот, се качиле на пешачкиот мост во Сочаница, го откачиле натписот „Ова е Србија“ и го фрлиле во оклопно возило.

Пешачкиот мост во Сочаница е направен во јануари 2001 година за учениците и жителите на ова места безбедно да го преминуваат магистралниот пат Лепосавиќ-Косовска Митровица, а набрзо потоа Србите ја поставија пораката „Ова е Србија“ и неколку српски знамиња.

08.11.2023 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега