(ВИДЕО) Муцунски: Многу лицемерие во работењето на владата и ниту еден проект за Аеродром

 

Говорејќи за работата на владата предводена од СДСМ и ветувањата за реализација на проекти во Аеродром, градоначалникот на општината потенцираше дека ниту едно ветување дадено од нивна страна досега не е реализирано.

„На само четири месеци до крајот на нивниот мандат и заминувањето во опозиција, се потсетуваме на проектите кои ги ветуваа пред аеродромци во 2020 година. Мандат исполнет со лажни ветувања, недомаќинско и расипничко работење од кое последиците ги трпи државата и сите ние – граѓаните“, напиша градоначалникот Муцунски во својата објава потенцирајќи дека има многу лицемерие во работењето на владата.

Тој додаде дека ниту еден од ветените проекти кој се однесува на Аеродром, досега не е реализиран.

„Напротив, изминатите две години секојдневно, со сите сили и расположливи механизми, без никаква грижа на совест, ги кочат и опструираат капиталните и инфраструктурни инвестиции“, заклучи Муцунски.

08.11.2023 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега