Хрватски министер учествуваше во сообраќајка - еден загинат


Министерот за одбрана Марио Баножиќ учествуваше во сообраќајна несреќа во која загина едно лице. Според последните информации, министерот бил пренесен во болница, а на социјалните мрежи се појавија првите фотографии од несреќата.

Според Index.hr, поради сериозноста на повредите, министерот ќе биде префрлен во  болницата во Осиек.

Во несреќата загинал возачот на комбето, јавуваат локалните медиуми.

Несреќата се случила на излезот од Винковци кон Жупања, пишува Јутарњи лист. Во тек е истрага која ја води заменикот на Жупаниското државно обвинителство во Вуковар.

Според информациите на споменатиот портал, министерот има контузии во пределот на главата, повреди на градниот кош и скршеница на ногата. На моменти е свесен, а на моменти не. Тој бил сам во автомобилот. Според прелиминарните и неофицијални податоци, алкохолот во крвта на Баножиќ не е потврден, а тој наводно бил на пат за лов.

11.11.2023 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега