Нови детали за злосторството во Крушевац: jа убил сопругата и ја повредил љубовницата, па се самоубил кога бил опколен од полицијата

 

Човекот, кој утрово го изврши злосторството во Крушевац кога ја уби сопругата, ја рани љубовницата, според локалните медиуми, се самоубил кога бил опколен од полицајци. Како што е потврдено за порталот „Нова.рс“, полицијата во Крушевац сѐ уште врши увид на самото место.

Мажот, утрово, во Расадник, Крушевац, најпрвин ранил жена за која се претпоставува дека му е љубовница, а потоа на патот меѓу Јасика и Кукљин убил жена за која се претпоставува дека му е сопруга.

Како што дознава rtk.rs, постои сомневање дека сторителот на ова дело на крајот се самоубил во својот автомобил на патот меѓу селата Страгари и Милутовац.

Според надлежните, повредената жена добила прострелна рана во главата и била пренесена на ургентниот центар при Општата болница во Крушевац.

Како што е потврдено, таа е во тешка состојба и се наоѓа на одделението за интензивна нега на хирургија во Крушевац.

Два часа подоцна, нешто пред 9 часот, истиот човек со огнено оружје пукал во сопругата на патот Јасика – Кукљин.

Жената добила прострелна рана во главата, а екипи на итната помош констатирале смрт на самото место.

Како што јави РТС, мажот е пронајден мртов кај Милутовац. Засега се претпоставува дека се работи за истиот човек кој, по злосторството, изврши самоубиство.

13.11.2023 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега