Одличен неделен десерт: Тортата без печење готова за само половина час

 

Песок тортата е една од најпознатите што се прави без печење. Се подготвува брзо и лесно, т.е. потребни се само околу 30 минути за да се подготви.

Иако се работи за едноставна торта, на трпезата изгледа навистина луксузно, а нејзиниот вкус е неверојатен.

Оваа торта се состои од три многу вкусни креми кои имаат потполно иста основа. Бидејќи основниот крем е идентичен, она што е различно се состојките што му се додаваат за конечен вкус. Еден крем е со вкус на орев, друг со вкус на кокос, а третиот со вкус на бисквити.

Состојки:

1 литар млеко
4 пудинзи од ванила
300 гр шеќер
250 гр путер
200 гр мелени бисквити
200 гр кокос
200 гр мелени ореви
шлаг за декорација

Подготовка:

Сварете четири пудинзи од ванила, но не според упатството на пакувањето, туку во 1 литар млеко. Потоа изладете го пудингот и додадете го путерот измешан со шеќер до пена.

Смесата поделете ја на три дела.

Во едниот дел додадете кокос, во вториот мелените ореви, а третиот мелените бисквити. Додадете доволно состојки за пудингот да стане доволно цврст за да се размачка.

Во калапот за колачи прво ставете крем со бисквити, па крем со кокос и на крај со ореви.

Потоа украсете ја тортата со шлаг или чоколадо и овошје по избор.

19.11.2023 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега