Фрлил телевизор низ прозорец - за малку ќе си го убиел соседот
Еден несовесен станар од зграда во Белград фрлил телевизор и за малку ќеси го убиел соседот. Според податоците на српските медиуми, синоќа околу 23 часот еден Србин се збеснал и си го фрлил телевизорот низ прозор од 10 спрат. Телевизорот паднал врз автомобилот на соседот кој во моментот излегувал од него.
- Не ми се веруваше дека некој е во состојба да направи вакво нешто и да загрози туѓ живот, вели соседот на чија кола паднал телевизорот, пренесе српски Курир.
За среќа во инцидентот нема повредени.
16.12.2013 - 09:07
Фото:
курир.рс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа