Гога Секулиќ си ја отвори душата: Го држев Игор за рака додека умираше

 

Гога Секулиќ која изминативе месеци помина многу тежок период во животот, си ја отвори душата и раскажа што се се случувало. Гога за српскиот Курир раскажува дека до последен момент со Игор имале надеж дека тој ќе преживее.

- Со Игор се запознавме преку другар. Тој ме бркаше, а јас бев незаинтересирана. но потоа откако почнавме почесто да се гледаме ме освои, не беше мој тип, но веднаш ме освои, вели Гога.

Пејачката раскажува и за хоророт низ кој поминале двајцата.

- Откако дознавме дека е болен бевме во шок. ОД сите пријатели побарав пари за лекување. Ми бараа 20.000 евра. Јас од сите барав барем 500, 1000 евра за да соберам. По втората хемотерапија му беше подобро, мечтаевме дека се ќе се среди и ќе живееме среќно, вели Гога.

Гога додава дека го држела својот сакан за рака додека умирал. - Игор се сврте и почна да крвари. Јас вриснав толку силно што цела болница занеме. Тој се помрдна уште еднаш и тогаш ми рекоа дека неговата душа го напуштила телото, вели пејачката.

 

16.12.2013 - 09:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега