Бугарин си ја срушил куќата па ја истоварил пред банка!
Еден бугарскидржавјанин кој бил лут на банката на која и должел пари се решил да и го отплати долгот на необичен начи. Верувале или не, Бугаринот си ја срушил куќата и ја истоварил пред банката.
Последните пари кои ги имал ги потрошил да ја сруши сопствената куќа, па потоа целата ја оставил пред банката во Тетевен.
Пред да си ја сруши куќата, Бугаринот со семејството влегол во банката и го преколнувал директорот да не му ја земаат куќата која му била под хипотека, но тие го одбиле, па така Бугаринот се одлучил да им ја даде куќата на негов начин.
16.12.2013 - 09:40
Фото:
Пулс24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа