(Фото) Левица: Муцунски за себе тера Европски стандарди, за Општината Балкански !
„Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, никако да престане со самопромоција и ПР на „големите“ успеси на неговата партија ДПМНЕ, а во реалност ништо нема на терен од тоа што промовира. Гордо се фотографира на одредени настани и локации колку да се види дека нешто работи. Во суштина, ниту еден значаен проект од ветувањата во предизборната програма не е исполнет“, велат од Левица.
Во продолжение, нивното соопштение:
За да го прекрие неуспехот во водењето на општината, Тимчо Муцунски деновиве почна да води висока политика со пишување реакции за однесувањето на Левица во Собранието.
Го замолуваме градоначалникот да ги почитува неговите зборови: „Ајде да тераме локална политика, а не да добиваме политички поени“.
Општина Аеродром важи за една од најдобро организирани урбани средини во Скопје, па и пошироко. Кога Тимчо Муцунски се кандитираше за градоначалник ветуваше дека општината ќе ја направи по сите европски стандарди. Поминаа две години од неговиот мандат, ама неговите „европски стандарди“ никако да ги видиме.
Дали се ова „европските стандарди“ за кои се залагаше Тимчо Муцунски во предизборната кампања? Дали целта на градоначалникот е да се тргне од гардоначалничката функција и да биде дел од следната централна власт во Република Мкедонија?
Погледнете ги фотографиите пратени од наши сожители, кои ја одразуваат реалната слика во општина Аеродром и одговорете.
22.11.2023 - 15:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа