Две експлозии во Северна Митровица, активирана рачна бомба

 

Силна детонација одекнала по полноќ во Северна Митровица, пренесуваат српските медиуми.

Активирана била рачна бомба, при што е причинета мала материјална штета на куќа, потврдија за КоССев од косовската полиција.

Граѓаните на северниот дел на Косовска Митровица, оние кои останаа будни час по полноќ, можеа да слушнат уште една силна детонација.

Од косовската полиција за КоССев потврдија дека на улицата Цара Душана експлодирала рачна бомба.

Причинета е мала материјална штета на прозорецот од куќата, нема повредени, изјави за КоСС Ветон Ељшани, заменик командант на КП за северен регион.

На местото на настанот излегле полициски единици, отворен е случај поради повикување на општа опасност.

26.11.2023 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега