Столтенберг: Треба да се подготвиме и за лоши вести од Украина

 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека војните се непредвидливи и дека сојузниците треба да се подготват и за лоши вести од Украина, но поддршката треба да продолжи.

Столтенберг во интервју за германската телевизија АРД, одговарајќи на прашањето дали стравува дека ситуацијата во Украина ќе се влоши во иднина, рече дека војните се одвиваат етапно, но дека e неопходна поддршката за Украина и во добри и во лоши времиња.

Осврнувајќи се на ситуацијата на фронтот, Столтенберг рече дека нема значаен напредок во изминатите неколку месеци.

Тој не прогнозираше понатамошни настани, наведувајќи дека „војните се инхерентно непредвидливи“.

„Знаеме дека колку повеќе ја поддржуваме Украина, толку побрзо ќе заврши војната“ рече Столтенберг.

Тој оцени дека Украина е во критична ситуација, но не одговори на прашањето како треба да дејствува командата во Киев.

„Донесувањето на овие тешки оперативни одлуки им го оставам на Украинците и воените команданти“, рече Столтенберг.

03.12.2023 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега