Македонија и Албанија ја интензивираат соработката во земјоделството

 

Министерот Љупчо Димовски и неговиот албански колега  Едмонд Панарити, денеска договорија зголемување на  размената во земјоделството преку интензивна соработка меѓу надлежните институции и бизнис заедниците од двете земји.

- Македонија и Албанија во делот на земјоделството немаат отворени прашања, ниту какви било проблеми, но соработката мора да се унапреди зашто размената е многу мала. За таа цел ќе формираме работна група преку која ќе се координираат натамошните институционални активности, рече министерот Димовски на прес-конференција по средбата.

Министерот Панарити напомена дека Албанија мора да го следи македонскиот пример за обезбедување финансиска поддршка во земјоделството.

- Заинтересирани сме за вашите искуства во однос на субвенционирањето и успехот од распределбата на поддршката. Тоа е и една од причините зашто дојдовме, да научиме од вас околу креирањето на политиката на финансиската поддршка и тоа да го примениме во Албанија, посочи Панарити кој пристигна во Македонија со директорката на Платежната агенција на Албанија.

Димовски најави и посета на Албанија.

16.12.2013 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега