Арачиновци почнаа да плаќаат данок

 

 

Со нешто повеќе од 12 илјади жители, поточно 12.676, или тоа се 2.848 домаќинства, дури 173 домаќинства сè уште се надвор од системот за наплата на даноци, пишува Дојче Веле.

Арачиново повеќе не е „црна овца“, за 422 отсто годинава е зголемена наплатата на данок во споредба со минатата година, тврди градоначалникот на оваа општина, Ридван Ибраими. По долги години критики дека жителите на Арачиново не плаќаат ниту даноци, ниту комунални такси, а долго се влечеше како опашка и проблемот со наплатата на струја, Ибраими вели дека сето тоа е минато.

„Општина Арачиново годинава од вкупно 2.675 регистрирани домаќинства успеала да инкасира над 6 милиони денари (околу 98 илјади евра) по основ на локални даноци, што во споредба со 2022 година е раст од 422 отсто“, порача градоначалникот на настан организиран од УСАИД.

Останаа мал број неплаќачи

Според податоците од последниот попис на Државниот завод за статистика од 2021 година, Арачиново има 12.676 жители или 2.848 домаќинства. Тоа значи дека 173 домаќинства се уште се надвор од системот за наплата на даноци. 

Со вклучени дотации и трансфери, општина Арачаиново лани прикажала зголемени приходи во касата во однос на планот и тие изнесувале скоро 2,1 милиони евра. Податоците за 2022 година покажуваат дека општината од данок на имот собрала 38.650 евра, а од данокот на доход биле собрани 16.300 евра. Оваа општина од државата за повеќе од две години доби помош од речиси 2 милиони евра.

„Арачиново не е веќе 'црна овца' туку денес добиваме пофалби и веќе се мериме со општини кои се многу поголеми и финансиски појаки од нас. Нашето домаќинско работење денес ги бележи првите позитивни резултати, благодарение на помошта и соработката со многубројни меѓународни организации, а посебно со УСАИД која во секој момент покажува подготвеност да ни помогне“, вели Ибраими.

 

22.12.2023 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега