Караванот на СДСМ во Бутел и Чаир
Потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов денеска пред граѓаните на скопските општини Бутел и Чаир ги презентираше мерките од програмата особено оние што се однесуваат на вработувањето на младите и враќањето на ДДВ.
- За младите се предвидуваат посебни мерки за попуст, односно субвенции од страна на Владата за давачките од плата за вработување на млади до 27 години, како и за вработување родители на многудетни семејства, родители на деца со посебни потреби, најранливите групи на пазарот на трудот, изјави Узунов.
Тој рече дека интерес кај граѓаните предизвикуваат и мерките за промена на казните во прекршочната политика, како и за враќање на 15 проценти од ДДВ.
Узунов најави дека нивните тимови продолжуваат со презентација на мерките од програмата пред жителите на скопските општини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа