Демократскиот сојуз: Да се суспендираат партиските директори на М-НАВ
Демократскиот сојуз бара да се суспендираат партиските директори на М-НАВ, откако претходно денес дојде до упад во контролата на летање и физички напад врз контролори.
Од партијата велат дека за да се спречат можни катастрофални последици, неопохдно е Владата да одржи вонредна седница и да ги разреши актуелните партиски директори на М-НАВ и на нивно место да именува експерти од редот на вработените.
До МВР апелираат да се преземат итни мерки против оние кои упаднаа во објектот, но и оние кои го организирале упадот и нападот на контролорите на летање.
Неколку лица денес упаднаа во објектот на М-НАВ, пришто нападнаа тројца вработени. Меѓу напаѓачите имало и вработен во контролата за летање, објави МВР.
Претседателот на Синдикатот на контроли на летање, Александар Тасевски, објави дека напаѓачите кои упаднале во зградата не биле спречени од обезбедувањето и предупреди дека вакви инциденти можат да ја загрозат безбедноста во авијацијата кога секој еден може од надвор да влезе во објектот и да нападне вработени кои во тој момент извршуваат работни обврски.
Претходно денес беше соопштено дека до 30 оставки ќе бидат поднесени од вработени во М-НАВ поради наместени конкурси и партиски вработувања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа