Под слоганот „Почувствувај радост“ денеска во Скопје се одржа детската бадникова поворка
Како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик, под слоганот „Почувствувај радост“ денеска во Скопје се одржа детската бадникова поворка. Децата учесници во бадниковата поворка се собраа на плоштадот „Македонија“, каде им беше доделена Златна ѕвезда, по што се одржа концерт со Златните славејчиња и некои македонски поп ѕвезди.
По краткиот концерт, учесниците ја оформија најголемата бадникова поворка и преку Камениот мост се упатија кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски" каде што традиционално сите коледарчиња беа пречекани и дарувани од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
По 14 пат, во 75 градови и села во земјава и пет во дијаспората, денеска се одржаа бадниковите поворки, како форма на радосно здружување на децата, кои се собираат на однапред договорено зборно место за заедно, свечено и достоинствено да поминат одредена патека пеејќи ја пригодната божиќна песна „Вечниот Бог“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа