Разрешување на целото раководство на М-НАВ и ревизија на работењето, денеска на седница на Владата

 

Владата денеска ќе одржи седница, на која, како што беше најавено ќе се донесат одлуки поврзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување на целото раководство и сите членови на Управниот одбор, како и ревизија за досегашното работење.

Ова следува откако минатата недела осум лица, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ, упаднаа во канцелариите на македонска навигација на аеродромот во Скопје.

На иницијатива на премиерот, Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 9 јануари, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки: целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени и да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес, објави претходно владината прес-служба.

„Ковачевски и Владата во своето работење се водат од врвниот интерес за безбедноста на македонското небо и функционирањето на патничкиот и воениот авио-сообраќај“, додаваат од владината прес-служба.

09.01.2024 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега