(ВИДЕО) Прво јавно појавување на рускиот опозиционер од новиот затвор: Си се пошегува на сопствена сметка

 

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални го направи своето прво јавно појавување во видео повик, откако беше преместен во казнена колонија на Арктикот.

Навални беше преместен во казнената колонија ИК-3, наречена „Поларен волк“, во северниот град Харп, на околу 1.900 километри североисточно од Москва во декември.

Се смета за еден од најтешките затвори во Русија и повеќето затвореници што се чуваат таму се осудени за тешки кривични дела.

Зборувајќи со новинарите на видеоповикот, Навални изгледаше добро расположен, шегувајќи се дека допрва треба да добие божиќна пошта, бидејќи е „прилично далеку“.

10.01.2024 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега