Полицијата упадна во куќата на Гатузо
Денеска полицијата упадна во куќата на поранешниот фудбалер на Милан Џенардо Гатузо. Фудбалрот е под истрага поради месетење ан натпервари. Во операцијата „Последен облог“ се уапсени уште четири лица кој според изјавите на полицијата тие биле врската на организацијата со играчите.
Јавниот обвинител во Италија кој три години ја водел операцијата „Последен облог“ потврди декао Гатузо како и поранешниот играч на Лацио Кристијан Броки биле дел од организирана група која местела натпревари во Серија А сезоната 2010/11.
На Гатузо и на Броки им се заканува обвинителен акт за криминално здружување и измама во спортот пишуваат медиумите во Италија.Гатузо беше член на италијанската фудбалска репрезентација која 2006 година стана Светски првак, а како тренер го предводеше Палермо до септември годинава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа