„Уживај другар наредни сто дена и прај се ко фараон бетер од Таљат“, му порача Апасиев на новиот спикер Митрески

 

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на струшки дијалект му го честиташе изборот на новиот спикер Јован Митрески.

„Друже, Јовче. Златна рипка да фатеше во езероно, немаше да ти текнит дека некоаш во животот че беше спикер на парламентот. Уживај другар наредни сто дена и прај се ко фараон бетер од Таљат“, му порача Апасиев кој прочита писмо од сограѓаните на Митрески.

„Ко че се вратиш в Струга со празно CV, а полни џебој, рипката не му ја давај на шерифон Мерко од ДУИ зш е на црна листа во Америка. Пушти ја во езероно нек ја фатит вмроецон Пецак од Охрид, него че му требит зш многу местит тендери. То е брат, шибај и све нај нај, ич да не ти чует”, му порача преку пораката Апасиев на Митрески.

26.01.2024 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега