Студентски отпор: Се планира зголемување на партиципацијата за студирање, итно да се повлече предлогот
„Според најновите информации кои стигнаа до Студентски Отпор, надлежните институции планираат зголемување на партиципацијата за студирање на сите три циклуси: додипломски, постдипомски и докторски студии“, пишува Студентскиот отпор на социјалните мрежи.
„Сумата за партиципација која се споменува е скоро двојно поголема од досегашната која ја плаќаат студентите. Исто така покачувањето на партиципацијата е главна точка на дневниот ред на сите факултетски студентски собранија.
Како најавтентична студентска организација која ги застапува правата на студентите, ова сериозно не загрижува затоа што на ваков начин би се спречила можноста за пристап до високото образование на оние посиромашни и студенти од социјално ранливи категории.
Апелирамe итно да се повлече овој предлог и оваа идеја, во спротивно ќе мора да се гледаме на улиците како што тоа го правевме кога сакаа да го укинат оброкот. Повлекување одма – или протест!“, пишуваат од Студентскиот отпор на социјалните мрежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа