БГНЕС: Вучиќ се вклучи во антиевропската реторика што ја блокира С Македонија во ЕУ

 

„Српскиот претседател од центарот на Скопје се приклучи кон антиевропската реторика и пропаганда која води кон блокирање на европската перспектива на Северна Македонија“. Ова се наведува во извештајот на бугарската новинска агенција БГНЕС напишан за настанот којшто се одржа вчеравечер во нашиот главен град, по повод 27 јануари - Национален ден на српската заедница во земјата. 

Б-ГНЕС во објавениот извештај најмногу се фокусираше на анализа на српскиот претседател Александар Вучиќ, којшто пак кажа дека Србија нема поблизок народ од македонскиот.

 

Известувајќи за настанот, новинската агенција, уште на почетокот ја цитира изјавата од говорот на Вучиќ во која тој вели:  

„Србија не бара од Северна Макеоднина промена на Уставот, тоа е ваша внатрешна работа“. 

Се наведува и дека Вучиќ празникот го прослави заедно со македонскиот претседател, Стево Пендаровски, премиерот во оставка Димитар Ковачевски и дека на настанот присустуваа и претставници на Република Српска (српскиот ентитет во Босна и Херцеговина). 

„Јас сум претседател на Србија, но не се плашам да кажам дека Македонците се нашиот најблизок народ. Немаме поблиски луѓе од Македонците. Отворено и јасно го кажувам пред целата српска и македонска јавност. Не сакаме ништо од Северна Македонија. Немаме услови за ништо. Не очекуваме ништо. Единствено што би сакале е да изградиме уште подобри и поблиски односи“, го цитира БГНЕС делот од обраќањето на српскиот претседател на Светосавската академија во Скопје.  

Објаснувајќи го контекстот, агенцијата потсетува дека без задолжителниот услов за измени на Уставот, Република Северна Макеоднија не може да ги продолжи преговорите за членство во Европската Унија. Тие, како што наведува БГНЕС, се вградени во Преговарачката рамка, која беше одобрена од сите земји-членки на блокот.

28.01.2024 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега