Разрешена директорката на Инфективна во Скопје
Нов директор на Клиниката за инфективни болести од попладнево е д-р Фадил Цана, потврдија за МИА од Клиниката.
Д-р Цана, инфектолог на Клиниката, го презема местото на д-р Милена Стевановиќ, која седум години беше директор на инфективната клиника, опфаќајќи го и периодот на пандемијата со Ковид - 19. Засега нема информации за причината за смена на д-р Стевановиќ и назначувањето на д-р Цана.
29.01.2024 - 21:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа