Исчезна од затвор познатиот руски опозициски активист Владимир Кара - Мурза
Владимир Кара - Мурза, познатиот опозициски активист и критичар на Путин, исчезна од затворот во Сибир.
Тој беше осуден на 25 години затвор поради велепредавство.
Беше сместен во затвор во областа Омск.
За исчезнувањето извести новинарот и активист Александар Подрабинек кој на својот фејсбук профил објави дека писмото кое му го пратил на Владимир, се вратило со образложение дека затвореникот не е повеќе во тој затвор.
Исто така и адвокатот на Владимир Кара - Мурза, Вадим Прохоров, изјави дека друг адвокат кој вчера се обидел да го посети, рекол дека тој повеќе не е во тој затвор.
Сопругата на Мурза ја моли руската влада да даде било какви информации за тоа каде се наоѓа нејзиниот сопруг.
„Нема причина за трансферот и тоа ме прави уште повеќе да се плашам. Мојот сопруг е во рацете на истите луѓе кои двапати се обидоа да го убијат, во 2015 и 2017 година“, изјави неговата сопруга Евгенија Кара-Мурза.
Кара - Мурза двапати го преживеа труењето, за што ги обвинуваше руските власти.
Тој ги негираше обвиненијата и го спореди судењето со „фарса на судењата на советскиот диктатор Сталин.
Трансферите во рускиот затворски систем се многу тајни и затворениците можат да исчезнат со недели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа