Утрото студено, преку денот сончево

Утрото студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури и услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за време на викендот и во почетокот на новата седмица.

31.01.2024 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега