Нема да поверувате што украл: Крадец провалил во куќа, но не земал ни накит ни пари
Несекојдневна случка имала полицијата во градот Рендсбург,Северна Германија.
За време на викендот крадец провалил во куќа, но не барал ниту пари ниту накит.
Тој барал вкусно парче чизкејк. Веднаш седнал на маса и почнал да го јаде украденото парче чизкејк.
Сопственикот кој бил во дневната соба слушнал звуци па веднаш се упатил кон кујната и го затекнал крадецот како јаде торта.
Крадецот избегал низ прозорецот а потоа изчезнал преку покривот.
Полицијата досега не успеала да го пронајде.
31.01.2024 - 14:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа