Граѓанин со реакција: Да крадеш и правиш пари, врз грбот на лица кои се лечат на Онкологија, тие не се луѓе

 

Бурни реакции во јавноста по вчерашното соопштение од Основното обвинителство за случајот „Онкологија“. Имено, двајца поранешни директори и тројца лекари се сомничат за кривично дело, а скандалот со месеци веќе ја потресува македонската јавност. 

Танче Танушевски со став на оваа тема: 

За Онкологија...!

Ако Обвинителствотото до сега утврдило дека е сторена имотна корист од близу 30 милиони евра, тоа значи дека може да биде и мнооогу поголема имотната корист. И тоа значи дека не може да бидат обвинети 5 лица, тука бре има цела група, тука има злосторничко здружување.

Многу е индикативно, била требувана вишок терапија за пациентите?

Каде може да заврши и завршувала таа терапија не е тешко да се утврди.

Да крадеш и правиш пари, врз грбот на лица кои се лечат на Онкологија, не само што е нехумано, тоа е врв на нечовечки однос, кој е толку брутален, и доведува до мисла дека тие лица кои го правеле тоа, едноставно не се луѓе. 

01.02.2024 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега