Скандал:Оставка во ТВ Словенија поради местење на Евровизија

 

Вања Варѓан, главен уредник на забавната програма на Јавниот сервис на Словенија, поднесе оставка.

Причина за оставката се наводни неправилности во изборот на словенечка песна за Евровизија, со што се занимава и Комисијата за спречување на корупцијата.

Директорката на телевизијата на Словенија, Ксенија Хорват веќе ја прифатила оставката, соопшти Радиотелевизија на Словенија (РТВ СЛО).

Тој ја даде својата оставка со цел да се обезбеди непристрасно испитување на фактите во спроведувањето на проектот за песна на Евровизија и поради грижа за доброто на РТВ СЛО, изборот за песна на Евровизија како и избраниот изведувач, се вели во соопштението.

РТВ СЛО наведува дека во текот на истрагата досега не се забележани знаци на коруптивни активности.

Сепак, мора да се спроведат процедури за да се идентификуваат можните неправилности. Исто така посочуваат и дека снимката на словенечката претставничка Рејвен досега достигнала речиси половина милион прегледи

01.02.2024 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега