Измама на пазарите: Индустриските јајца ги мачкаат со кал, па ги продаваат како домашни

Нова измама се шири меѓу пазарџиите.

Како што пишува „Денар“ луѓето кои се бават со продажба и препродажба на јајца, купуваат исклучуво бели јајца од фарми кои произведуваат индустриски јајца.

Истите потоа ги мачкаат со кал и ги продаваат како домашни.

„Многу пензионери доаѓаат и купуваат само бели јајца за да наликуваат на домашните. Тие ги носат во вреќи или кофи и ги валкаат во кал, за да изгледаат како домашни. Потоа ги продаваат на пазар за 30 денари по јајце, додека ние им ги продаваме за 8-10 денари. Тие ги лажат купувачите дека станува збор за домашно органско јајце, коешто е подобро за здравјето и има подобар вкус” изјавил за Денар вработен на фарма за индустриски јајца.

Потрошувачките организации и инспекциите апелираат до граѓаните да бидат внимателни при купувањето домашни производи на пазар и секогаш да го проверуваат нивното потекло и квалитет.

Тие исто така бараат од надлежните органи да ги спречат и казнат овие видови измами, кои го загрозуваат здравјето и довербата на потрошувачите.

01.02.2024 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега