Отворен стечај за „Еуроникел“ :За 4 неисплатени плати работниците бараат 2.1 милион евра

Основниот суд Кавадарци отвори стечајна постапка за фабриката „Еуроникел индустри“откако барања за стечај поднесоа компанија од Прилеп за долг од 10.000 евра, јавно претпријатие од Кавадарци и вработените преку Синдикатот за четири неисплатени плати. За стечаен управник е назначен Ацо Петров, кому ова нема да му биде прва стечајна постапка за фабриката, а стечајна судијка е Елизабета Петковска.

Вкупно 670 вработени во „Еуроникел“ имаат побарување од 130 милиони денари или 2,1 милион евра за четири неисплатени плати.

Според извештајот, „Еуроникел“ нема недвижен имот оти сега е сопственост на банката, но има возила, готови производи од никел, канцелариска опрема со залихи и авто-делови.

И по отворањето на стечајот вработените стравуваат околу исплатата на четирите неисплатени плати.

„Стечајот се отвори, но во исто време ни потврдија дека компанијата нема никаков недвижен имот. Што ќе продаде стечајниот управник за да ни ги исплати платите? Сиот движен имот нема да ги покрие платите, има резевни делови кои вредат, но ќе треба многу долго време за тие да се продадат. Единствен начин, реален за нас за брзо да ни исплатат е ако се продаде никелто во печката. Тој е вреден 5-6 милион евра, но не знаеме дали Комерцијална банка ќе го куши од стечајот оти печката е во нивна сопственост и се уште се грее, се одржува во работна состојба. Не знаеме дали Комерцијална банка или некој друг ќе го купи тој никел за да може брзо да ги змемеме платите“, прашуваат вработените во „Еуроникел“.

02.02.2024 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега