Томовска:Инспекцискиот надзор за М-НАВ завршува денес, утврдени низа неправилности
Инспекцискиот надзор и извештаите за случајот М-НАВ завршуваат денеска, изјави за МИА директорката на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), Весна Томовска. Таа истакна дека инспекторите имаат утврдени неправилности, но за какви неправилности станува збор и подетални информации околу надзорот на тројцата инспектори кои две недели работеа на овој случај ќе даде наредната недела, со цел да се комплетираат извештаите до крајот на денот.
Томовска посочува дека инспекторите имаат добиено и четири претставки од кандидатите за вработување на огласите во М-НАВ, кои биле детално разгледувани од страна на инспекторите.
Надзор е извршен и во Агенцијата за вработување, а беше проширен и надзорот околу работата на синдикатот.
- Колегите секој ден работеа до 20 часот работеа. Надзорот завршува денеска, вели Томовска во изјавата за МИА.
МИА претходно информираше дека надзорот од страна на трудовите инспектори во М-НАВ беше проширен и ги разгледуваа четирите последни огласи за вработување и дали синдикатот имал најави за штрајк согласно законот. Инспекторите на Државниот инспекторат за труд и Финансиската полиција во М-НАВ влегоа по случувањата во оваа институција
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа