„Загрижен сум“ – се огласи Бајден по веста дека кралот Чарлс има рак

 

 

Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека е загрижен за кралот Чарлс Трети откако Бакингемската палата откри дека му бил дијагностициран рак.

Во своите први коментари за здравјето на 75-годишниот британски монарх, Бајден за „Дејли мејл“ изјави дека „со божја волја“ се надева дека наскоро ќе разговара со него.

Палатата преку соопштение објави дека кралот Чарлс има рак и дека веднаш почнал да се лекува.

Тоа не е поврзано со неговата неодамнешна операција и не е рак на простата, но лекарите го забележале кога бил подложен на медицинска процедура за зголемена простата.

Медиумите објавија дека кралот лично ги известил своите синови принцот Вилијам и принцот Хари за неговата состојба.

05.02.2024 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега