ВИДЕО: И пукнаа панталоните среде настап, па побара од обезбедувањето да ја крене в раце

 

Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ синоќа го одржа првиот од петте закажани концерти во Осиек.

Публиката толку многу ја засака, за што сведочат бројните распродадени арени.

Во текот на вечерта Александра доживеала една непријатност, која ја споделила со своите обожаватели.

Пејачката во еден момент побарала да ја спуштат меѓу публиката, а откако се вратила на сцената. нејзиниот тим ѝ рекол што ѝ се случило.

– Ми рекоа дека ми пукнале панталоните, но што сега, не е важно – рекла Александра, па продолжила да пее.

По завршувањето на концертот, Александра Пријовиќ одржа прес-конференција на која откри што мисли за забраната на нејзиниот концерт во Задар.

– Колку што ја видов изјавата, не постои никаква забрана. Мислам дека тука сè е во ред и во оваа прилика го поздравувам градоначалникот, иако рече дека не слуша ваков вид музика. Ако се предомисли, добредојден е на концертот – порача Александра.

14.02.2024 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега